СДСМ: Имаме мнозинство за Влада

СДСМ тврди дека има обезбедено мнозинство за составување влада откако вечерва порталите на албански јазик „Лајм“ и „Тетова Сот“ објавија дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се блиску до постигнување договор за влада со премиер Албанец.

 

 

Од партијата на Зоран Заев велат дека текстовите што ги објавија двата портали се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми.

„Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми (ако може да се наречат медиуми), заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти. Ние тврдиме дека СДСМ има обезбедено мнозинство за составување Влада. Тоа ќе се потврди следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот-велат од СДСМ за 360 Степени.

Back to top button
Close