СДСМ: Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект
Соопштение на СДСМ:
Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции.
Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно.
Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните.
Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика.