СДСМ: Пропаднаа лагите за бугаризација на Мицкоски – договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на македонски јазик


Дека македонскиот јазик е рамноправен со остатите јазици во Европската Унија вечерва порача и премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук кој напиша оти Фронтекс е првиот од многуте договори со ЕУ кој ќе се потпише на македонски јазик, како рамноправен со останатите јазици на ЕУ
Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација, бугаризација и за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, реагираат вечерва од владејачкиот СДСМ, посочувајќи ја одлуката на Советот на Европската Унија, Договорот со Фронтекс да биде преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик.

„Советот на ЕУ денеска ја усвои Одлуката Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс. Договорот наскоро ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти и дополнителни објаснувања“ посочуват од СДСМ.
Ова, како што додаваат од партијата, е прв официјален договор со Европската Унија на македонски јазик.

„Со ова уште еднаш се потврди дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно бришење на македонскиот јазик е само една обична лага“, додаваат оттаму.

Дека македонскиот јазик е рамноправен со остатите јазици во Европската Унија вечерва порача и премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Советот, исто така, се согласи да ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност. Договорот ќе биде преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик и доставен до земјите членки на Европската Унија.

Back to top button
Close