СДСМ: Секој што го прекршил законот ќе одговара пред судовите и пред граѓаните

Губитникот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ треба да знаат дека сите ќе одговараат, правдата е тука!

Христијан Мицкоски и неговите малкумина приврзаници вечерва докажаа дека стојат цврсто на страната на неправдата и на криминалот на режимот.

Во уште еден очаен обид да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, Мицкоски денеска на срамен начин, насилниците од 27 април кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието, ги претстават како херои.

Говорот на раб на плач на губитникот Мицкоски е кукање за своите порази и грешки. Тој не може да ја оствари единствената задача која му е дадена од Будимпешта – да ги спаси криминалците во сопствените редови.

Очајно Мицкоски се заканува кон судството и обвинителство, со деструкцијата. Не треба да се чуди зошто е таму каде што е, казнет од граѓаните. Осамен и изолиран во опозиција, чекајќи ги инструкциите од Будимпешта, опркужен со малкумина следбеници од кои повеќето секојдневно се по судови.

Губитникот Мицкоски треба да знае дека нема да успее, сите ќе одговараат, правдата е тука и секој што го прекршил законот ќе одговара пред судовите и пред граѓаните.

Центар за комуникации СДСМ

Back to top button
Close