СДСМ со амандмани на Буџетот: 20% повисоки плати за МВР, образование, здравство, за прожарникарите
Соопштение на СДСМ
Со поднесениот Буџет 2025 година Владата на Мицкоски и ДПМНЕ ја покажа својата безидејност и потврди дека има погрешен економски концепт кој во суштина значи постојано задолжување на земјата врз грбот на народот без развој и без план за покачување на платите,велат од СДСМ.
Вака предложениот Буџет е неразвоен и недомаќински а најлошо е што Владата нема политики за подобар живот на граѓаните ниту за развој на економијата.
Затоа СДСМ поднесе повеќе од 200 амандмани на предлог Буџетот за 2025 година. Овие амандмани се конкретни решенија кои значат поголеми плати и повеќе пари за граѓаните.
Воведуваме зголемување на платите во полицијата за 20%, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите. Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги.
Браме поддршка за нивно усвојување од сите пратеници, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани.
Амандманите на СДСМ се повеќе од предлози – тие се конкретен план за Македонија што се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард.