СДСМ за апсењето на возачот на Јанушев за мито: Каква е улогата на генералниот секретар на Владата?

СДСМ преку соопштение реагираше по информацијата дека возач на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал мито, при што партијата упати сериозни обвинувања до власта.

-Сите земаат мито, дури и возачите на владата. Ова е ОКГ – Организирана криминална група.

Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена.

Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон.

Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?, прашуваат од СДСМ.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close