Се очекува раст од 4,1 процент и инфлација од 2,1 отсто, според проекции на Министерството за финансии

Капиталните расходи, заклучно со 1 септември, изнесуваат 39,85 проценти или околу 11,8 милијарди денари, наспроти 7,7 милијарди денари минатата година

Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување. Министерството за финансии оценува дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава, пренесува МИА.

Министерството за финансии, како што информира на денешниот брифинг со новинари министерот Фатмир Бесими, има конзистентен пристап за остварување на поставените цели за зголемување на растот од 2,5 на 5 проценти, како и за фискалната консолидрација до 2026 година, односно јавен долг по 60 проценти и три проценти буџетски дефицит.

„Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и на ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата“,посочија од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Јавниот долг, заклучно со 30 јуни годинава, изнесува 64,4 проценти, додека државниот долг, заклучно со 31 јули, е 52 проценти.

Back to top button
Close