“Се потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура”Честитки за Радмила Шекеринска

Стигнаа првите честитки за именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик генерална секретарка на НАТО

-Честитки за Radmila Sekerinska за ова големо признание! Ова именување за следен заменик генерален секретар на НАТО е значајна победа, како за неа лично, така и за Северна Македонија. Ова ја потврдува важноста и растечката улога на земјава во меѓународната безбедносна архитектура – напиша Оливер Спасовски.

-Честитки за Радмила Шекеринска, која е назначена за Заменик генерален секретар на НАТО!  Ова е голема одговорност, но и успех и признание за нејзините квалитети, искуство и посветеност на евроатлантските интеграции. Ова истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата- напиша на фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

-Честитки, Радмила! 💪🌍🇲🇰

Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.

Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.

Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.

На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех – стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Back to top button
Close