Се преврте брод во близина на Либија: 30 илегални мигранти се водат за исчезнати

Најмалку 17 илегални мигранти се спасени од италијанската крајбрежна стража, додека 30 се водат како исчезнати откако нивниот брод се превртел кај брегот на Либија во Средоземното Море.

Командата на италијанската крајбрежна стража соопшти дека извршила спасувачка операција на брод со 47 луѓе на околу 177 километри од брегот на Либија, откако биле известени од добротворната организација „Аларм телефон“, (Alarm Phone) која прима повици од чамци со мигранти во неволја.

Се додава дека два комерцијални брода во регионот и патролен авион на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) ја продолжуваат потрагата по исчезнатите мигранти.

Луѓето кои бегаат од конфликт или сиромаштија често одат со чамци од бреговите на Либија до Европа, иако централниот Медитеран е најопасната миграциска рута во светот, според Меѓународната организација за миграција.

Back to top button
Close