Се истепале двајца лекари во операциона сала во Клиничката болница – Штип

Двајца лекари се степале во Клиничката болница – Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот.

-На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница – Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.

Во него се наведува дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Како што информираат од штипската болница, против двајцата лекари веќе е поведена дисциплинска постапка.

„Во текот на вчерашниот ден 05.02.2025 година околу 12:30 часот во работните простории на Клиничка болница – Штип дојде до нарушување на работниот ред со физичка пресметка помеѓу двајца вработени. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежните од болницата случајот е пријавен во СВР-Штип и е поведена дисциплинска постапка за двајцата вработени“,се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Во него се наведува дека за сите понатамошни постапувања јавноста дополнително ќе биде известена.

Back to top button
Close