Се топи снегот на Попова Шапка, ски-сезоната се прекинува
Од утре ски-центарот „Попова Шапка“ нема да работи сè до следните снежни врнежи, информираат од ски-центарот.
„Поради временските услови и немањето доволно снег на нашите патеки, од утре, 13 март, Ски центарот ‘Попова Шапка’ привремено ќе ги прекине активностите до следните врнежи од снег. Ви благодариме за страста и енергијата што ја носите на нашите патеки секој ден. Подгответе ја вашата опрема, бидејќи штом се врати снегот, ќе се вратиме и ние“, соопштија надлежните.