Се урна зграда во Пакистан, 13 лица загинати

Спасувачките екипи пребаруваат под урнатините, во случај да откријат дали има други жртви. Меѓу загинатите се седум мажи, пет жени и едно девојче. Во инцидентот се повредени најмалку шест лица, а се стравува дека под урнатините има уште луѓе.

Поголемиот дел од становите во зградата биле празни, бидејќи властите уште во март предупредиле дека не е безбедна поради полемите пукнатини во ѕидовите, но спасувачите велат дека дошло до уривање откако станарите влегле во зградата да ја земат својата покуќнина.

Уривањето на згради е честа појава во Пакистан, бидејќи објектите имаат слаба конструкција и се изградени од лош материјал.

Back to top button
Close