Се води жешка битка кај руската воена база во Сирија: Голем број загинати!

Во судирите во провинцијата Тартус, каде се наоѓа руската воена база, дошло до судири меѓу новите сириски власти и вооружените групи во кои загинале 14 припадници на безбедносните сили и тројца вооружени лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Според информациите кои ги пренесува Гардијан, судирите се случиле во Тартус, поранешното упориште на соборениот претседател Башар ал Асад, а настанале поради обид за апсење на поранешен затворски службеник од Седнаја.

Новиот сириски министер за внатрешни работи ја потврди смртта во порака објавена на Телеграм. Тој рече дека во инцидентот се ранети уште 10 полицајци и ги обвини „остатоците од режимот на Асад“ за предизвикување на насилството.

Back to top button
Close