Се зголемува бројот на загинати од потонатиот брод кај Евија, пронајдени безживотните тела на 22 лица

Телата на 11 мажи, шест жени и пет деца, односно на вкупно 22 лица досега се пронајдени и извлечени во близина на грчкиот остров Евија во спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција, откако во вторникот потона едрилица со бегалци, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба соопштија дека во операцијата за потрага и спасување што започна во раните утрински часови на 1 ноември, спасени се вкупно 12 мажи, а извлечени се 22 тела.

Според тврдењата на спасените на едрилицата имало 68 бегалци, што значи дека 34 лица сè уште се исчезнати.

Back to top button
Close