Се зголемува бројот на жртви во поплавите во Кентаки

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во источната американска држава Кентаки, предизвикани од обилните дождови, информира гувернерот Енди Бешеар.

Според него, меѓу жртвите има и деца.

Бешеар прогласи вонредна состојба во шест области и посочи дека се очекува бројот на жртвите да се удвои.

Тој додаде дека може да бидат потребни години за поправање на предизвиканата штета.

– Во моментов се соочуваме со една од најлошите, најразорни поплави во историјата на Кентаки. Стотици ќе ги загубат своите домови, рече Бешеар и додаде дека националната гарда и државната полиција со хеликоптери и чамци ги спасуваат луѓето погодени од поплавите, додаде Бешеар.

Тој наведе дека повеќе од 200 лица се сместени во прифатилишта.

Според веб-страница за информирање за прекини на струја, 33.000 домови во источен Кентаки, Западна Вирџинија и Вирџинија се без електрична енергија

Back to top button
Close