Се зголемува интензитетот на антивладините протести во Иран со тридневното одбележување на годишнината од „крвавиот ноември“

Антивладините протести во Иран добија на интензитет, откако во текот на ноќта огромен број луѓе излегоа на улиците во Иран, а посебно во Техеран, каде беа поставени и блокади на патиштата, јави ДПА.

Иранците повеќе од два месеци протестираат, поттикнати од смртта на Махса Амини во притвор, каде беше одведена поради наводно неправилно покривање на косата. Но, како што посочува ДПА, сега се очекува натамошно интензивирање по повикот за тридневни протести и штрајкови во знак на сеќавање на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога властите убија над 1500 демонстранти.

Од почетокот на протестите, повеќе од 2.000 луѓе се обвинети, од кои половина во Техеран, а Судот во неделата изрече и две смртни казни поради немирите.

Според медиумските извештаи, протестите се одвиваат во десетици градови и повеќе од две третини од провинциите во земјата.

Синоќешната ескалација доаѓа откако во текот на вчерашниот ден, според иранските власти биле убиени двајца припадници на Револуционерната Гарда и шиитски свештеник. Според активистите, во курдските региони убиени се двајца демонстранти.

Активистите повикаа на тридневни протести и штрајкови во знак на сеќавање на „крвавиот ноември“ од 2019 година. Тие демонстрации започнаа како протест против високите цени на бензинот, но брзо се свртеа и против политичкото раководство во Техеран.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close