Седлоски ги одреди стартните 11 за дуелот со Швајцарија во Луцерн


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски за вечерашниот дуел од групата со Швајцарија во Луцерн се реши за следните единаесет фудбалери.

На голманската позиција е Димитриевски во одбраната се Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски, во средниот ред: Елези и Елмас, за едно со Дориев, Барди и Митровски, а во нападот е Растодер.

Почетокот на дуелот е во 20:45 часот, а главен судија е Едгарс Малчевс од Летонија.

Back to top button
Close