Редица премиерлигаши заинтересирани за Французинот Симакан

– Ливерпул и Манчестер Јунајтед ја проширија листата заинтересирани премиерлигаши за услугите на дефанзивецот на саудиски Ал-Наср и соиграч на Кристијано Роналдо, Мохамед Симакан, јавија денеска британските медиуми.
Според истите извори, двата премиерлигаши размислуваат да му платат обесштетување на Ал Наср за трансфер на 26-годишниот Французин, кој може да игра како централен дефанзивец или десен бек.
Сепак, преговорите за трансфер сè уште не се почнати и засега нема официјални понуди.
Арсенал, Тотенхем и Њукасл, исто така, се заинтересирани за Симакан, кој му се приклучи на Ал-Наср од Лајпциг во летото 2025 година, а изминатата сезона одигра 11 натпревари за саудискиот клуб, постигнувајќи еден гол.

Back to top button
Close