САД бараат екстрадиција на уапсениот мексикански наркобос Ел Чапо Исидро


Соединетите Американски Држави побараа екстрадиција на наркобосот Фауст Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“, кој беше уапсен во Мексико, објави денес мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Харфух.
Мексиканските воени сили го уапсија Меза Флорес, еден од 10-те најбарани бегалци на списокот на Федералното истражно биро на САД, заедно со уште двајца лидери на неговата организација, во сојузната држава Синалоа во петокот вечерта, објави Ројтерс.

Мексиканските власти сè уште не објавија дали ќе дејствуваат по барањето за екстрадиција на САД.
Според мексиканскиот министер за одбрана Рикардо Тревиља, 16 осомничени членови на криминалната група загинаа откако вооружени лица ги нападнаа безбедносните сили во обид да го ослободат Меза Флорес.
361 припадник на армијата и 14 авиони учествуваа во операцијата, објави агенцијата.

Според американскиот Стејт департмент, Меза Флорес и неговата криминална организација шверцуваат големи количини хероин, метамфетамин, кокаин и марихуана во САД повеќе од две децении.

Апсењето е најново во низата апсења и егзекуции на познати осомничени дилери на дрога во Мексико, земја која се соочува со притисок од американскиот претседател Доналд Трамп да ги интензивира своите мерки против нарко-картелите.

Трамп се закани со еднострана воена акција во Мексико доколку неговата администрација оцени дека не се прави доволно во борбата против нив, потсети Ројтерс.

Дополнителни делови:

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close