(ВИДЕО) Политичар обвинет дека е вонземјанин – погледнете што направи со очите

Необична снимка од прес-конференција во Њујорк предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако американски политичар беше обвинет дека не е човек, туку суштество слично на рептил или дури демон.
Во центарот на вниманието се најде 32-годишниот Џордан Рајт, пратеник од Демократската партија во Собранието на сојузната држава Њујорк, кој мораше јавно да ги демантира бизарните тврдења.
Сè започнало во петокот, за време на прес-конференција на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кој го претставувал планот за затворање на затворскиот комплекс „Рајкерс Ајленд“.
Додека градоначалникот зборувал пред новинарите, камерите го снимиле Рајт како благо се насмевнува, трепка, а потоа ги превртува очите нагоре, при што речиси целосно се гледа белката.
Кратката снимка брзо станала вирална, а дел од корисниците на социјалните мрежи почнале да тврдат дека политичарот всушност е рептилско суштество маскирано во човек.
Некои отишле уште подалеку, тврдејќи дека станува збор за демон или вонземјанин кој случајно го открил својот вистински идентитет пред камерите.
„Така трепкаат гуштерите“, напишал еден од корисниците, додека други го споредувале случајот со сценариото од познатиот филм „Луѓе во црно“.
По огромното внимание што го предизвикала снимката, Рајт решил лично да се огласи.
„Очигледно е дека сум човечко суштество“, изјавил тој за „Њујорк пост“, додавајќи дека неговата човечност се гледа и преку неговата работа како политичар.
Како пример го навел обезбедувањето четири милиони долари за центар за еколошка правда во Харлем.
„Не можам да зборувам за рептили или вонземјани“, додал Рајт, признавајќи дека и самиот не знае што точно се случило во моментот кога била направена снимката.
Инаку, Рајт е син на Кит Рајт, претседател на Демократската партија во Менхетен, а неодамна бил повторно избран во државното собрание.
SHOCK VIDEO: for the first time ever demons, crossing the astral plane into our dimension, has been caught on film in New York City.
The creatures were caught on film during a televised meeting of the communist party.. https://t.co/b1GpXbUafL
— Alex Jones (@RealAlexJones) November 22, 2026






