Сега е време за сочувство, не за партиско „лешинарење“
10.09.2021 08:15
2,938 Читање помалку од 1м
За овој вид на трагедии, секоја сериозна држава се однесува токму онака како што тоа го направи оваа власт до 12-тиот час од несреќата: во Тетово, уште пожарот и неизгасен, на местото на настанот се „нацрта“ половина Влада, на чело со Заев и Филипче; до полноќ веќе беше формиран Кризен штаб за одговор на трагедијата; градоначалничката Арифи даде коректна изјава за медиумите дека вечерта нема да има никакви официјални изјави за деталите од трагедијата (бидејќи тие, во тој момент, и не се знаеја!) и дека за тоа се задолжени надлежните институции (Обвинителство итн.) кои ја водат истрагата; и прозваните Заев и Филипче уште вечерта, со одбрани зборови, изразија јавно сочувство и оценки за димензиите на трагедијата; следното утро Владата и Советот на град Тетово одржаа вонредни и итни седници, од кои следуваа соодветни соопштенија…
Ноќта на инцидентот во Тетово и самиот бев сведок на ужасните димензии на трагедијата: ковид-болницата пеплосана до темел, иако противпожарните служби реагирале за рекордни 3,5 минути по првиот добиен повик за пожарот, што го изгасија за 40-тина минути по избувнувањето. Помош испратила и Противпожарната бригада од Скопје, иако тетовските пожарникари сами се справиле со големиот предизвик. Бројни амбулантни возила цела ноќ на линија Тетово-Скопје ги транспортираа телата на загинатите за обдукции во Скопје, бидејќи сите спасени од пожарот беа згрижени во Тетовската болница… Морничаво.
Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја тука






