Села: Да имаа покани од Трамп, челниците на Вреди и Мицкоски ќе ги носеа како ѓердани

Зијадин Села денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп може да учествува секој граѓанин кој ќе плати одредена сума на пари, додека пак за учеството на владините лидери, тој рече дека доколку добиле покани од Трамп, ќе ги носеле исто како ѓердан.

Можеше секој граѓанин да плати одредена сума пари… Тие беа пофалени што ги поканил претседателот Трамп. Имаше дури и медиум во Бугарија кој пишуваше дека Мицкоски не бил поканет директно од Трамп, туку бил поканет од ПР агенција. Не сакам навистина да елаборирам, но бидејќи ми го постави ова прашање. Да добиеа покана од претседателот Трамп, бидете сигурни дека тие покани ќе ги обесеа и ќе ги носеа како ѓердани во текот на овој период, па дури и ќе шетаа по улица со овие покани“, рече Села.

 

Back to top button
Close