Селфи на Рама и Ковачевски: Сè уште чекајќи го Годо?

„Повеќе од кога било сме посветени нашите земји да напредуваат и да го модернизираме регионот со непоколеблив европски дух“ напиша Рама

Албанскиот премиер Еди Рама кој присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел на Твитер објави „селфи“ со премиерот Димитар Ковачевски и напиша досетлив коментар:

„Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било сме посветени нашите земји да напредуваат и да го модернизираме регионот со непоколеблив европски дух“, напиша Рама покрај фотографијата со Ковачевски.

Рама, Ковачевски и Вучиќ вчера донесоа заедничка одлука да отпатуваат во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и да го презентираат своето незадоволство од инертноста на Унијата во однос на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија кои ги блокираше Бугарија.

На Самитот на кој учествуваат шефови на држави и влади на Европската Унија и од регионот на Западен Балкан ќе се разговара за пошироката Европа, Западен Балкан, Украина, апликациите за членство во ЕУ од Украина, Република Молдавија и Грузија, како и економските прашања и надворешните односи.

 

Back to top button
Close