Семејство на милионерка од Велика Британија тврди дека таксист во Белград ја ограбил за над 900 илјади евра

Семејството на 92 годишна британка Милка Шормаз (92) тврди дека таа била измамена и изгубила 800.000 фунти (934 илјади евра) во имотна измама што наводно се случила во Белград. Велат дека ќе го однесат случајот и до Европскиот суд за човекови права, пишува српски Телеграф.

Милка Шормаз се преселила во Бирмингем во 1958 година. Често патувала во Србија и каде останала бидејќи ја затекнала пандемијата.

Нејзиното семејство тврди дека се спријателила со таксист и неговата сопруга во Белград. Тие велат дека таа станала „лесен плен“ бидејќи била многу стара и покажувала знаци на деменција.

Само неколку месеци по средбата со парот, Милка наводно била принудена да потпише сложени правни документи. Нејзиното семејство тврди дека таа со потпишувањето на документите да двојката и го префрлила правото да располага со нејзиниот недвижен имот.

Променет бил и нејзиниот тестамент, а за главен наследник бил именуван таксистот, кому со тоа му припаднала и куќа за гости во Бирмингем.

Милка, која немала деца, починала во октомври 2021 година. Нејзиното семејство откри дека станот со три спални соби, четири продавници и три гаражи, вклучително и мерцедесот, кој таа го поседувала во Белград, бил продаден во 2018 година по цена од околу 20 отсто од нивната вредност.

„Имаме огромен список на докази кои го поддржуваат нашиот случај и докажуваат дека нашата тетка – која беше многу стара и ранлива – беше жртва на огромна неправда. Доколку Уставниот суд на Србија го отфрли нашето право да презентираме докази ќе се обратиме до Европскиот суд за човекови права, изјавил роднина за „Бирмингем лајв

Back to top button
Close