Семејството на исчезнатиот Мартин бара донации за побрзо завршување на потрагата

 

Иван, второ момче кое беше пронајдено по 19 часа поминати во Егејското море, на фејсбук побара сите кои се во можност да донираат за да се олесни товарот на семејството на Мартин

Претходно денеска, шефот на спасувачкиот тим од ОКФАТ, Христос Рамос изјави дека вложуваат натчовечки напори за да се пронајде момчето

Две донаторски сметки се отворени за собирање средства за потрагата на 31-годишниот Мартин кој во саботата исчезна во водите на Егејското море, кај местото Посиди на Халкидики.

Иван, второ момче кое беше пронајдено по 19 часа поминати во вода, на социјалната мрежа фејсбук побара сите кои се во можност да донираат, за да се олесни товарот на семејството на Мартин.

„Јас, Иван, второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.“,

напиша тој на фејсбук.

Претходно денеска, шефот на спасувачкиот тим од ОКФАТ, Христос Рамос изјави дека вложуваат натчовечки напори за да се пронајде момчето.

Вложуваме натчовечки напори за да го најдеме Мартин, вели шефот на грчкиот спасувачки тим (360stepeni.mk)

Грчките медиуми објавија дека мајката на Мартин апелирала до спасувачите да не престануваат со потрагата ниту една минута.

Во потрагата по 31-годишното момче вклучени се куче трагач, патролен чамец и воздушен дрон.

Back to top button
Close