Сензационалната Жирона на чело во Ла Лига

Фудбалерите на Жирона го запоседнаа врвот на табелата во шпанското првенство, откако синоќа во рамки на воведниот натпревар од 11. коло во Ла Лига триумфираа на домашен терен над Селта со 1-0.

Јунак на натпреварот беше Јангел Херера кој донесе победа за домашниот тим со прецизен удар од работ на шеснаесетникот во судиското продолжение.

Жирона со оваа победа изби на чело на табелата со 28 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и четири повеќе од Барселона.

Најблиските конкуренти на Жирона денеска ги очекува првото „Ел Класико“ во оваа сезона.

Натпреварот на „Ноу Камп“ е на програмата од 16:15 часот.

Back to top button
Close