Септември натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец септември 2026, се карактеризира како топол, потпросечен во Скопје и југозападниот регион и просечен во остатокот од државата во однос на количествата на врнежи.

Средномесечната температура се движеше од 14,2 степени во Маврово до 22,4 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура беше 1,0 степен натпросечна на ниво на држава, соопшти УХМР.

Највисоката максимална температура беше измерена на 1 септември во Демир Капија и изнесуваше 38,7 степени. Најниската минимална температура, пак, е измерена во Берово, на 24 џептември и изнесуваше -1,9 степени.

Во септември, месечната сума на врнежи во државата варираше од 9мм во Скопје до 44мм во Струмица.

Максимално дневно количество на врнежи од 36мм беше регистрирано во Струмица на 3 септември.

Споредено со септемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше за 48% под просечната на ниво на држава.

Back to top button
Close