Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти јужнокорејската војска

epa09848043 A photo released by the official North Korean Central News Agency (KCNA) shows the test-launch of a new type of inter-continental ballistic missile Hwasongpho-17 of the DPRK strategic forces that was conducted on 24 March 2022 (issued 25 March 2022). EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска.

Заменикот-министер за одбрана на Јапонија Тоширо Ино изјави дека севернокорејските балистички ракети се чини дека паднале надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.

Според јапонското Министерство за одбрана, проектилите летале на височина од 550 километри и прелетале 250 километри. Јапонскиот функционер рече дека засега нема извештаи за каква било штета.

Северна Кореја ги лансираше ракетите неколку дена по тестирањето на ракетниот мотор со цврсто гориво за кој експертите велат дека треба да овозможи побрзо и помобилно лансирање балистички ракети, обидувајќи се да развие ново стратешко оружје и да ја забрза својата нуклеарна и ракетна програма.

Тестирањето беше спроведено во четвртокот, а го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Северна Кореја изврши невиден број ракетни тестови оваа година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета што може да стигне до САД, и покрај меѓународните забрани и санкции.

Back to top button
Close