Северна Кореја изврши ново тестирање на нуклеарно оружје

Северна Кореја тестираше „мотор со цврсто гориво со висок потисок” за да развие ново стратешко оружје под водство на лидерот Ким Џонг Ун, јавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Тестот спроведен вчера на полигон за лансирање на сателити „Сохае” ја докажа сигурноста и стабилноста на моторот, обезбедувајќи „гаранција за развој на уште еден нов тип на систем за стратешко оружје”, јави новинската агенција КЦНА.

Се додава дека севернокорејскиот лидер изразил „очекување дека во најкраток временски период ќе биде направено уште едно стратешко оружје од нов тип”.

Тестирањето се случи во исто време додека шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, во разговор со јужнокорејските власти во Сеул вети сеопфатни напори за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја

Back to top button
Close