Шахпаска: Швајцарија е наш голем поддржувач и партнер

Швајцарија преку Амбасадата во Република Северна Македонија, силно ја поддржува нашата држава и учествува во значајни проекти за нашите граѓани. Во таа насока е и соработката во делот на  социјалната инклузија односно  вклучување на ранливите категории на граѓани на пазарот на труд, преку процес на обуки и стекнување на вештини со цел невработените лица да станат поатрактивни за работодавачите. Меѓусебната соработка е особено значајна во процеот на социјална  инклузија на лицата со попреченост,  истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусија организирана од страна на Швајцарската амбасада во Скопје.

Одбележување на почетокот на новата Швајцарска програма за соработка 2021-2024 година, велат од МТСП, беше поводот за денешниот настан, на кој Швајцарија ја потврдила натамошната поддршка за Северна Македонија.

-Министерката Шахпаска во делот на соработката со Амбасадата на Швајцарија во земјава, го посочи  воспоставувањето на РЕХА центрите во државата,  преку кои лицата со попреченост се стекнуваат со одредени вештини и нивно вклучување на пазарот на труд, Ресурниот центар за млади во Гостивар „I can”, каде што се воспоставува партнерски однос меѓу претставниците на централната и на локалната власт, локалните невладини организации и приватните компании,  со цел да се обезбеди поголема инклузивност на лицата со попреченост и на младите на пазарот на труд, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Преку двете панел дискусии претставници од Владата на Република Северна Македонија, Амбасадата на Швајцарија, како и претставници од граѓанскиот сектор и приватниот сектор, нагласуваат од Министерството,  размениле аргументи за како новата швајцарска Програма за соработка може да ги поддржи реформските приоритети за eвропската и домашна агенда на Северна Македонија, како и во дефинирање клучни приоритети за остварување на одржлив економски развој во пост-Ковид светот.

Back to top button
Close