Шефицата на бугарската дипломатија објасни зошто си замина од самитот на ОБСЕ во Скопје

Не можам да бидам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел, пренесуваат бугарските медиуми.

Габриел го коментираше своето учество на состанокот на ОБСЕ во Скопје. Таа неколку часа ја посети РС Македонија и замина пред доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Бев во Скопје да го испочитувам претседавањето со ОБСЕ. Исто така, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да се изјасни дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ“, изјави Габриел.„После оваа вечера, мислам дека моето присуство не требаше да биде физичко таму, па затоа заминав. Не сакам да бидам присутна со претставници на земја која не прогласи за непријатели“, рече Габриел

Back to top button
Close