Шефот на германската разузнавачка служба предупреди за сериозноста на ширењето на руските планови

Шефот на германската разузнавачка служба БНД, Бруно Кал, денес предупреди за сериозноста на руските планови за проширување на своето влијание кон Западот, нагласувајќи дека Украина е „само еден чекор на патот кон експанзијата на Русија“.

Во интервју за поткастот „Table.Today“, Кал нагласи дека постојат значајни разузнавачки докази што укажуваат на „амбициите“ на Москва да ја прошири својата сфера на влијание и „да го врати НАТО во состојбата во која беше на крајот на 1990-тите“, објави Table.Media.

„Русија сака да ја избрка Америка од Европа и ќе ги искористи сите расположиви ресурси за да ја постигне оваа цел“, рече Кал, додавајќи дека „е потребно да се прекинат тие закани во почетната фаза“.

Извор: Слободен печат

Back to top button
Close