Шефот на Пентагон: Битката за Бахмут е повеќе симболична отколку стратешка

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин оцени дека ако руската армија успее да ја преземе контролата врз градот Бахмут во источна Украина, тоа нема да претставува одлучувачки пробив во конфликтот.

„Мислам дека тоа е повеќе симболично отколку стратешко и оперативно“, рече Остин за време на посетата на Јордан.Бахмут е во фокусот на неколкумесечните интензивни борби меѓу Украина и Русија, која се обидува да ја преземе контролата врз областа.

И покрај преместувањето на украинската армија во западната периферија на градот, што некои го протолкуваа како повлекување, Киев вети дека ќе продолжи да го брани Бахмут.

Back to top button
Close