Шефот на УНРВА влезе во Газа преку Египет

Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, Филипе Лазарини влезе во Појасот Газа каде што се сретна со палестински цивили и други колеги од УНРВА кои работат на територијата.

Лазарини изјави дека е шокиран од обемот на хуманитарните потреби во Газа и повика на зголемување на помошта што се доставува до 2,3 милиони жители на Појасот.

– Бев шокиран од фактот што сите таму бараа храна, бараа вода … Никогаш, никогаш не сум видел нешто слично во Газа, истакна тој.

Лазарини е највисокиот функционер на ОН кој влезе во Појасот од избувнувањето на конфликтот на 7 октомври.

Back to top button
Close