Шестмина уапсени во Нови Сад и Белград за криумчарење мигранти

Полицијата во Белград и Нови Сад во соработка со Европол и Евроџаст денеска уапси шест лица осомничени дека се членови на криминална група која дозволила најмалку 159 нерегуларни мигранти да влезат од Бугарија во Србија, за да го продолжат патот кон земјите на ЕУ, соопшти српското Обвинителство за организиран криминал.
Апсењето е извршено по повеќемесечна меѓународна истрага со полициите на Босна и Херцеговина, Германија, Холандија, Австрија, Полска и Велика Британија, со поддршка на Европол и Евроџаст.
Во исто време неколку членови на оваа меѓународна организирана криминална група биле уапсени на територијата на Германија, Босна и Херцеговина, Австрија, Холандија и Велика Британија, соопштија од МВР на Србија.
Обвинителството претходно соопшти дека организаторот и членовите на таа криминална група се осомничени дека од јуни до август годинава овозможувале на нерегуларни мигранти илегално префлање на државната граница од Бугарија кон Србија .






