Шмит: Политичките лидери во БиХ не треба да ја пропуштат можноста за кандидатскиот статус


Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит денеска во Сараево се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, со кого, меѓу другото, разговараше и за кандидатскиот статус на БиХ во ЕУ.

„Содржаен разговор за важноста на кандидатскиот статус на БиХ и нејзините граѓани во ЕУ. Доделувањето кандидатски статус би било поттик што и е многу потребен на БиХ за да продолжи напред“, изјави Шмит по средбата.

Тој истакна дека политичките лидери во БиХ не можат да си дозволат да ја пропуштат оваа можност.

„Работата не завршува со препораката на Европската комисија. Всушност, токму ова е моментот кога политичките лидери треба да инсистираат на клучни реформи“, рече Шмит, пренесуваат сараевските медиуми.

Back to top button
Close