Шојгу: Русија трипати истрела хиперсонична ракета Кинжал во Украина

epa09756295 Russian Defence Minister Sergei Shoigu attends a meeting with Russian President Putin at the Kremlin in Moscow, Russia, 14 February 2022. EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY/KREMLIN POOL/SPUTNIK/ POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија во текот на „посебната воена операција” во Украина трипати употребила хиперсонична ракета Кинжал (бодеж).

Тој говорејќи за руската државна телевизија истакна дека ракетите Кинжал се покажале како ефикасни во гаѓање на цели со висока вредност во трите случаи.

– Трипати ги употребивме за време на специјална воена операција. Трипати покажаа брилијантни карактеристики, истакна Шојгу.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека три воени авиони МиГ-31Е опремени со ракети Кинжал се дислоцирани во Калининградската област, руска енклава на балтичкиот брег, што се наоѓа помеѓу земји-членки на НАТО и на ЕУ, Полска и Литванија.

Ракетите Кинжал се дел од серијата ново хиперсонично оружје што рускиот претседател Владимир Путин гo претстави во 2018 година, истакнувајќи оти можат да погодат цели речиси секаде во светот и да го избегнат американскиот противракетен штит

Back to top button
Close