Шолц: Германија ќе ја поддржува Украина силно и онолку долго колку што е потребно

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина, една година откако московските трупи ја нападнаа земјата.

-Колку порано рускиот претседател сфати дека нема да ја постигне својата империјалистичка цел, толку е поголема шансата војната наскоро да заврши. Путин ја има во свои раце. Тој може да ја заврши оваа војна, рече Шолц.

Тој истакна дека Германија ќе ја поддржува Украина „силно и онолку долго колку што е потребно“.

-Она што не импресионира сите нас, тоа е одлучноста и храброста на Украинците, како тие ја бранат својата слобода,, рече Шолц во видео пораката по повод годишнината.

Шолц вели дека германската помош за Украина, за финансиска и хуманитарна поддршка, како и за оружје, досега изнесува повеќе од 14 милијарди евра (14,83 милијарди долари).

-Германската влада ќе направи сè што е можно „да не дојде до ескалација на војната меѓу Русија и НАТО“, рече канцеларот.

Back to top button
Close