Шолц: Погрешно и опасно е што Трамп го нарече Зеленски диктатор

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека е „погрешно и опасно“ американскиот претседател Доналд Трамп да го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор“, пишува германскиот весник „Шпигел“.

– Едноставно е погрешно и опасно да се негира демократскиот легитимитет на претседателот Зеленски, рекол Шолц во интервју за весникот.

Тој додаде дека Володимир Зеленски е избран за шеф на државата Украина.

– Фактот дека не може да се одржат регуларни избори среде војна е во согласност со украинскиот устав и изборните закони. Никој не треба да тврди поинаку, рече Шолц.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“, откако тој оцени дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, но под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Москва.

Back to top button
Close