Шоле им честиташе на Вучиќ и Курти за постигнатиот договор во Охрид

 


Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле телефонски разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти и им честитал за постигнатиот договор на средбата во Охрид на 18 март.

„Му се заблагодарив на претседателот Вучиќ за неговиот конструктивен ангажман во Охрид. Важно е да се преземат итни чекори за спроведување и поставување цврст пат кон нормализација и интеграција во ЕУ“, објави денеска Шоле на својот Твитер профил.

Тој додаде дека и се заблагодарил на Србија за повторното ангажирање со САД во воените вежби.

Шоле во разговорот со Курти, кому исто му „честита за постигнатиот договор во Охрид за нормализација на односите со Србија преку дијалог со посредство на ЕУ“, истакна дека овој договор го отвора патот за европска интеграција.

„Косово сега е поблиску од кога било до својата иднина во ЕУ“, напиша Шоле на Твитер.

Курти претходно денеска на својот Твитер профил напиша дека Шоле во телефонски разговор му честитал за постигнатиот договор во Охрид

Back to top button
Close