Шон Комбс бил опседнат со Хари и Вилијам: Кога полицајците влегле во неговата куќа нашле врамени слики од нив

Контроверзниот рапер Шон Комбс, попознат како Паф Деди (54), кој беше уапсен по повеќе обвиненија, вклучително и трговија со луѓе, наводно бил опседнат со британските принцови Вилијам и Хари.

Според „Дејли мејл“, тој постојано ги канел на своите озлогласени забави, вели публицистот Роб Шутер, кој почнал да работи за него во 2002 година.

Во изјава за Би-Би-Си, тој нагласи дека британските принцови никогаш не ја прифатиле поканата на раперот, но тоа не го спречило повторно и повторно да ги кани на забави. Според него, во само две години ги поканил Вилијам и Хари на забави повеќе од 10 пати.

Диди беше опседнат со принцот Хари и принцот Вилијам. Тој се смета себеси за крал, па сосема е логично дека би сакал да има двајца принцови во својата придружба. Но, тие никогаш не ги прифатија неговите покани, ниту беа дел од неговиот свет – нагласи Шутер.

И покрај одбивањето на браќата да присуствуваат на забавите, Роб тврди дека неговиот поранешен работодавец „врамил слики“ на принцот од Велс и војводата од Сасекс и ги чувал на ѕидот од неговиот дом во Њујорк.

Фотографијата на британските принцови кои позираат со Канје Вест и Паф Деди е направена во 2007 година на шестчасовен комеморативен концерт за нивната покојна мајка принцезата Дијана во арената Вембли. Наводно, кога инспекторите влегле во неговата куќа по апсењето на Пи Диди, останале занемени кога пронашле фотографии од двајцата членови на кралското семејство во неговиот приватен дом.

Роб не прецизираше дали настаните на кои биле поканети Хари и Вилијам биле белите забави на Диди, кои се одржувале во неговиот дом во Ист Хемптон помеѓу 1998 и 2009 година на кои се пиело алкохол „зачинет“ со дрога. Ги снимал тие забави, а сега поради тоа се тресе светскиот џет-сет.

Паф Деди беше уапсен минатиот месец на Менхетен по истрага за трговија со луѓе и е обвинет за дрогирање и силување малолетни жртви. Се зголемуваат обвинувањата за сексуален напад, вклучително и наводите дека дрогирал и силувал 13-годишно девојче.

Адвокатот од Тексас, Тони Базби, тврди дека се појавиле повеќе од 100 други потенцијални жртви

Back to top button
Close