Шпанија им оддаде почит на починатите од Ковид-19

Шпанија денеска им оддаде почит на речиси 109.000 луѓе кои починаа во земјата од Ковид-19.

Церемонијата, на која присуствуваа највисоките државници во Шпанија, се одржа во период на зголемен број пациенти во болниците во земјата поради новиот бран коронавирус, кој, сепак, почна да забавува.

„Пандемијата предизвика емоционален слом за многу Шпанци кои изгубија свои блиски луѓе, рече кралот Фелипе Шести на комеморацијата во дворот на Кралската палата во Мадрид.

Присутни беа и премиерот Педро Санчез, регионални премиери, претставници на политички партии и роднини на лицата кои починаа од Ковид-19.

Новиот бран коронавирус што неодамна ја погоди Шпанија, како и многу други земји, е во процес на забавување, благодарение на големиот број вакцинирани. Над 92 отсто од Шпанците постари од 12 години се вакцинирани

Back to top button
Close