Шпанскиот премиер до функционерите: Извадете ги вратоврските и штедете струја

Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика сите владини службеници и вработените во приватниот сектор на Шпанија да штедат струја.

„Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја“, рече Санчез на прес-конференција.

Тој ги повика министрите и владините претставници „да не носат вратоврска, ако тоа не е потребно“, но не објасни како со тоа се заштедува струја, но веројатно поради тоа што при топло време во затворен простор лицето се чувствува поудобно без вратоврска и помала е потребата од употреба на клима уредите.

Back to top button
Close