Што содржел пропаднатиот мировен договор: Киев да гарантира неутралност, а Москва да не напаѓа

Русија и Украина беа блиску до постигнување мировен договор во пролетта 2022 година, пренесува „Велт“ повикувајќи се на нацрт-договорот.

Според „Велт“, Украина тогаш се обврзала на „постојана неутралност“ без присуство на странско оружје или војници, како и да не „прима, произведува или стекнува“ нуклеарно оружје. Киев, наводно, гарантирал и дека нема да одржува воени вежби со други земји.

За возврат, Русија се обврза да не ја напаѓа Украина, а Киев можеше да добие безбедносни гаранции од САД, Велика Британија, Франција и Кина. Доколку Украина биде нападната, нејзините гаранти ќе го поддржат нејзиното право на самоодбрана во рок од три дена, со ратификација на соодветните договори од секоја држава учесничка, што ќе ги направи правно обврзувачки.

Повеќе

Back to top button
Close