Штрајковите на железницата во Британија ги расипаа плановите на патниците во текот на викендот

Лицата кои патуваат со воз во Велика Британија беа предупредени дека денеска ќе се соочат со „значителенни нарушувања” откако штрајкот на железничките работници вчера предизвика прекин на транспортните услуги, јави ДПА.

ScotRail воведе намалена услуга на 20 август поради штрајк на членовите на Синдикатот на железничарите, вработените во поморскиот сообраќај и транспортните работници од „Network Rail”, кои ги напуштија работните места по долготрајниот спор околу платата, работните места и работните услови.

СкотРеил предупреди дека ќе има „значително нарушување” денеска поради повторното отворање на сигналните кутии на Нетворк реил во различни периоди од денот по вчерашниот штрајк. Од компанијата соопштија дека поради оваа причина обезбедувањето на услугите ќе започне подоцна од вообичаеното.

Back to top button
Close