Шума и градежно земјиште одземени од Сашо Мијалков ставени на продажба, во државниот буџет ќе се уплатат над 2 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот информира дека со денешната објава за продажба на недвижен имот, со претходно донесена Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Г.Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

-Со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00 денари или 2.059.000 евра, порачуваат од Агенцијата, упатувајќи апел до сите заинтересирани правни и физички лица, без страв и притисок да земат учество на јавната лицитација.

Порашениот шеф на ДБК призна вина во случајот „Империја“ и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот „Мериот“.

Back to top button
Close