Швајцарија: Глоби за оние што нема да ги почитуваат владините мерки за штедење енергија

Жителите на Швајцарија кои ќе ги прекршуваат владините директиви поради недостигот на гас во земјата и ги одржуваат своите домови над 19 степени во зима, може да бидат казнети. Ова го изјави портпаролот на Федералниот оддел за економија Маркус Шпундли во интервју за весникот „Блик“.

„Прекршувањата на Законот за јавни набавки се прекршоци, па дури и кривични дела и треба да се гонат“рече тој.

Весникот уште наведува дека доколку некој намерно и во повеќе наврати ги прекршува правилата за штедење може да се соочи со казна од три години затвор.

На 31 август Швајцарија започна национална кампања за спречување на прекинот на снабдувањето со електрична енергија и гас во текот на претстојната зима. Мотото на кампањата е „Енергијата е ограничена – да не ја трошиме“.

Владата, исто така, подготви акционен план за справување со недостигот на гас, вклучително и воведување квоти за потрошувачка на гас, според кој се повикува на доброволно намалување од 15 отсто на потрошувачката на гас меѓу октомври и март.

Шефот на енергетскиот регулатор (Елком) Вернер Лугинбил за „Ное цирихер цајтунг“ на почетокот на август ги советуваше граѓаните на Швајцарија дека треба да размислуваат да имаат свеќи во куќата во случај на неколкучасовен прекин на струја.

Back to top button
Close