Швајцарија воведе задолжително носење маски во јавен превоз

По првпат од избувнувањето на епидемијата на коронавирус во Швајцарија, од денеска е во сила задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз.

Маските,исто така, од денеска се задолжителни на сите летови на компанијата „Свис“.

До денеска, заштитната маска беше само препорака. Меѓутоа мнозинството ја игнорираше препораката, поради што мерката сега е задолжитена.

Во Швајцарија досега се евидентирани над 32 илјади случаи на заразени со коронавирус и блузу 2000 починати.

Back to top button
Close