Шведските власти препорачуваат дека малите деца не треба да имаат никаков допир со дигиталните медиуми и телевизијата

Шведските власти денеска им препорачаа на родителите во државата дека на малите деца воопшто не треба да им се дозволи да бидат во допир со дигиталните медиуми и телевизијата.

Децата на возраст од две до пет години треба да бидат ограничени на максимум еден час време пред екранот дневно, се вели во новите препораки, додека оние на возраст од шест до 12 години не треба да поминуваат повеќе од еден или два часа дневно пред екран соопшти шведската Агенцијата за јавно здравје.

Тинејџерите на возраст од 13 до 18 години треба да бидат ограничени на два до три часа дневно, соопшти агенцијата.

Властите наведуваат дека шведските тинејџери на возраст од 13 до 16 години поминуваат во просек шест и пол часа дневно пред своите екрани и тоа не остава „многу време за заеднички активности, физичка активност или соодветен сон“.

Здравствената агенција, исто така, препорача децата да не користат екрани пред спиење и телефоните и таблетите да се чуваат надвор од спалната соба навечер.

Наведено е истражување кое покажува дека прекумерната употреба на екран може да доведе до лош сон, депресија и незадоволство од телото. Владата на Шведска претходно соопшти дека разгледува забрана за паметни телефони во основните училишта.

Back to top button
Close