Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судството и момент на слабост, предвремени избори се апсолутно непотребни

Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост, да не речам момент на искреност, но верувам дека 30 години потоа, а особено ДУИ 20 години во власта треба да го почитува начелото на поделба на власта или партиите треба да се држат на страна

Притисок врз судството и момент на слабост, е оценката на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во брифинг за „Слободен печат“ дека ќе излезе на улица и враќање нема додека не иницира предвремени парламентарни избори заедно со локланите, ако се покрене обвинение против ексминистерот Крешник Бектеши за трагедијата во Кочани.

-Јас за разлика од господинот Ахмети ќе ги мерам зборовите, не сакам да се мешам во судската власт, но знаете што, сите, па и Ахмети и ДУИ многупати се повикувале на независноста на судската власт, меѓутоа ваквиот говор всушност значи пристисок врз судската власт. Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост, да не речам момент на искреност, но верувам дека 30 години потоа, а особено ДУИ 20 години во власта треба да го почитува начелото на поделба на власта или партиите треба да се држат на страна – вели Сиљановска-Давкова.

Според неа, честопати не може да се направи разлика меѓу тенката линија каде завршуваат партиите и каде почнуваат државните институциите и дека државите каде партиите понекогаш се претставуваат како да се државни инструции, а не се, се нарекува партитократија, а тоа не е демократски модел.

-Ахмети многупати повикувал на ветинг, ветингот е во функција на квалитетно вршење на функциите вклучувајќи го и судот. Се надевам дека ова беше само една изјава и дека Ахмети и ДУИ кои долги години беа на власт научлиле дека треба да се почитуваат институциите и дека судот е тој кој ќе пресуди дали згрешил или не. Не зборуиваме само за еден човек којшто се нашол во судот, презумпцијата на невиност важи за сите – вели шефицата на државата.

Претседателката смета дека апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори ако Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари излезе од Владата.

-Апсолутно не. Тие кои сега повикуваат на предвремени избори беа најголемите противници кога за нив имаше причина. Нема да зборувам како претседателка, еве како професорка. Ние велиме дека предвремени избори треба да има тогаш кога се парализирани институциите, не можат да функционираат, тогаш кога мнозинството е на границата на потребните 61, сега далеку е од тоа, впрочем помина неполна година од изборите. Мислам дека да, имаме проблеми, дел од нив наследени, дел нови, но гледам дека институциите се справуваат со сите проблеми. Да, ќе имаме редовни локални избори, локалните избори го отсликуваат расположението на граѓаните, понекогаш се лакмус за тестирање на успешноста на власта, но апсолутно нема потреба за парламентарни избори – рече Сиљановска-Давкова.

Back to top button
Close